ЗEБРА ОД АФРИКА ИСТРАЖУВА ВО МАКЕДОНИЈА За што служи коњот?

81

Дошла зебрата од Африка во нашите краишта, да види како живеат овде животните. Сретнала една крава.
– Која си ти?
– Јас сум крава.
– И што правиш, за што служиш?
– Па, ништо, јадам трева, ме молзат за млеко, понекогаш ме колат за месо и така…
Незгодно, си рекла зебрата и продолжила понатаму. Стернала свиња.
– Кој си ти, што правиш, за што служиш?
– Јас сум свиња. Само јадам, ме гојат, а потоа на крајот од годината ме колат и од мене прават кременадли, колбаси, чварки и друго.
„Бог да нчува“, помислила зебрата и продолжила понатаму. Сретнала и една кокошка.
– Кој си ти, пак, што правиш?
– Јас сум кокошка. Клукам наоколу, понекогаш снесувам јајце, а понекогаш ми ја кинат главата и од мене прават супа.
„Страшно“, си помислила зебрата и понатаму сретнала еден коњ.
– А ти кој си?
– Јас сум коњ.
– За што служиш ти?
– Соблечи ги пижамите, па ќе ти покажам!

Поврзани содржини