ЗЕЈТИН ИМА, БЕЗ ГРИЖА Проблем беше увозот на нерафинирано масло за нашата индустрија
Сончогледово масло имаме, мерките нема да го нарушат пазарот во нашата држава, изјави премиерот Ковачевски за ТВ Сител.
Рафинирано масло за јадење има. Ние имавме недостиг од нерафинирано масло, Србија имаше забрана за извоз на нерафинирано масло. Тие извезоа кај нас рафинирано и ресорните министри од Владата со постојани контакти успеаја да обезбедат нерафинирано масло, суровини за нашите компании.
Ова го изјави премиерот Димитар Ковачевски во интервју за ТВ Сител. Трговијата се одвива преку приватните компании, поради тоа што сите земји имаме либерално пазарно уредување. Албанија, на пример, има проблем да набави рафинирано масло, но ние тоа го имаме и нема да се наруши пазарот ако им дадеме.
Ковачевски изјави дека економијата не треба да се политизира. Секој што знае да се приклучи дневно на берзите, точно ќе види дека во моментот има константно високо ниво на енергенсите, односно на цената на нафтата, имаме историски највисоко ниво на електричната енергија и доколку се погледнат цените на житото, јачменот и сончогледот, тогаш ќе се види дека тие цени се драматично поголеми во однос на нормалните цени кои што ги имаше.