Зеќири контра Хасани: Рано е за кафе во Приштина без ПЦР тест

857

Потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зеќири за емисијата „Клик плус“ на ТВ 21 изјави дека бројот на заразени со коронавирус е во пораст и дека е рано за кафе во Приштина без ПЦР тест.

– Заменик министерот за здравство избрза со Фејсбук статусот кога напиша дека за брзо ќе се пие кафе во Приштина без ПЦР тест и тоа беше популистички статус – рече Зеќири.






Тој исто така го обвини и поранешниот министер за образование, Арбер Адеми дека токму тој е виновен за проблемите со кои моментално се соочуваат просветните работници и учениците.

– Наместо сериозно да се занимава со образованието, Адеми бркаше гласови во втората изборна единица – рече Зеќири.

Поврзани содржини