Зеќири го поправи Заев: Не се заразив на ифтар, со семејството се видовме на Бајрам
По ова и партијата преку соопштение го порави својот лидер Заев за тоа каде се заразил со ковид-19 партискиот потпретседател Мухамед Зеќири.
Потпретседателот на СДСМ Мухамед Зеќири го корегира својот претседател Зоран Заев дека со ковид-19 се заразил на ифтарска вечера кај брат му.
– Почитувани, Заради ненамерната грешка на претседателот Зоран Заев на денешната прес-конфернција дека сум се заразил на ифтар кај брат ми, сакам само да ве информирам дека: За целото времетраење на полицискиот час ниту сум имал дозвола за движење, ниту било кога сум прекршил некоја од мерките за забрана за движење! За целото времетраење на месецот Рамазан сите ифтрски вечери ги имав дома, само со членовите на домаќинството и без посети од никого. Првото излегување ми беше на Бајрамскиот викенд и за празникот имав средба само со најтесното семејство. Тие лица ќе бидат допрва тестирани, така што до сега само ние сме потврдени позитивни на вирусот. Јас самиот ја соопштив веста за заразата, со епидемиолозите е завршена цела анкета и здравствените власти си го прават своето. Со оглед на тоа има засегнати лица кои за разлика од мене не се јавни личности, ве молам за почитување на нивната приватност, напиша Зеќири на Фејсбук.
По ова и партијата преку соопштение го порави својот лидер Заев за тоа каде се заразил со ковид-19 партискиот потпретседател Мухамед Зеќири.
– Нашиот потпретседател, Мухамед Зеќири е заразен одејќи на гости кај брат му на верскиот празник Бајрам. Претседателот Заев направи ненамерна грешка и спомена ифтар, соопшти партијата.
Претходно Заев на прес конференција изјави дека Зеќири се заразил кај брат му на ифтар.