ЗДРАВСТВОТО СО ДУИ БЕШЕ ТОРТУРА ЗА ГРАЃАНИТЕ Вреди потсети на пожарот во модуларната болница
ДУИ нон грата го остави здравството во „клиничка смрт“, но сега се враќа во живот, благодарение на посветеноста и визијата на Таравари, велат од партијата Вреди.
Партијата Вреди обвинува дека здравствениот систем во времето кога владееше ДУИ беше „тортура“ и дека ДУИ поради својата корумпираност предизвика смрт на 14 граѓани во модуларната болница во Тетово.
„Кога беше време да застанат зад здравството, ДУИ се скрија зад своите афери и корупциски шеми, покажувајќи дека за нив власта е поважна од животот на народот. Денеска не им остана лице да бараат одговорност, бидејќи ги наследивмепоследиците од нивното водство додека работиме насанирање на тие проблеми.
Ова е истата партија која две децении држеше во неизвесност илјадници здравствени работници, држејќи ги на привремени договори и злоупотреба ги како изборни алатки.
Но, со Таравари задолжен за здравство, оваа срамна практика завршува! Завршува нивната неизвесност, почнувајќи од систематизацијата на над 1.000 здраствени работници!
Фактите не лажат. Откако Вреди ја презеде одговорноста за здраството, работите почнаа да се менуваат. За прв пат по 15 години е ажурирана позитивната листа на лекови, со што се олеснува товарот на илјадници пациенти. Само годинава, благодарение на заложбата на министерот Арбен Таравари, се примени 300 нови специјализанти, а следната година ќе бидат примени уште 300.
ДУИ нон грата го остави здравството во „клиничка смрт“, но сега се враќа во живот, благодарение на посветеноста и визијата на Таравари.
Граѓаните ја видоа разликата, тие што уништуваат и тие што градат. Вреди е одлучен во својата заложба за градење наживотот во нашата земја и немаме намера да застанеме и даги слушаме муабетите на оние кои со години уништуваа сè што им доаѓаше на патот.
„Вреди се залага за подобар живот на граѓаните“, се вели во соопштението на Вреди.