Здравство: Вакцината „Синовак“ штити од 50 до 83 отсто од новите соеви коронавирус

СЗО при одобрувањето на вакцината официјално соопшти дека има ефикасност од 51% при заштита на асимптоматските случаи и штити 100% од развој на тешка форма на болеста.

818

Согласно најновите две студии на СЗО спроведени во Бразил за ефикасноста на вакцината од новите соеви кои се во моментот во циркулација, потврдено е дека истата штити 50% во првата студија и 83% во втората студија, информира Министерството за здравство откако некои медиуми објавија дека вакцината „Синовак“ „не штити од делта сојот“ и од тешка клиничка слика при разболување на вакцинираните со оваа вакцина.

-Досегашните анализи и официјални инофрмации на СЗО која ја одобри оваа вакцина кинеската вакцина „Синовак“, покажуваат дека таа е ефикасна 51% при заштита на асимптоматските случаи и штити 100% од развој на тешка форма на болеста – наведуваат од Министерството за здравство.






Од министерството  посочуваат дека јавноста ќе биде информирана за секоја нова информација поврзана со ефикасноста на  вакцините  од нови официјални студии.

– Во овие исклучително чувствителни моменти кога започнува масовната вакцинација во нашата земја, апелираме на максимална одговорност од сите поединци и медиуми во однос на вакцинацијата и споделување исклучително на ставови кои се поткрепени со научни докази и ПОТВРДЕНИ студии – апелираат од Министерството за здравство.

 

Поврзани содржини