ЗДРАВСТВЕНИТЕ УСТАНОВИ ДОЛЖАТ 5 МИЛИЈАРДИ ДЕНАРИ Кривични пријави за 6 директори

507

Фондот за здравствено осигурување констатирал многу злоупотреби во повеќе здравствени установи во земјава.

Директорот на ФЗО, Сашо Клековски, во интервјуто за Алсат рече дека се поднесени кривични пријави против 6 директори.






Клековски очекува обвинителството да постапи брзо, додавајќи дека неколкупати контактирал со надлежните за да праша до каде се истрагите.

Кривичните пријави се за директор на здравствена установа во Тетово и за петмина директори на здравствени установи од Скопје.

Клековски појасни дека станува збор за индивидуални и за структурни злоупотреби.

Голем проблем со кој се соочуваат здравствените установи е долгот, кој, според првиот човек на ФЗО, достигнува 5 милијарди денари.

Поврзани содржини