ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ ВО КАВАДАРЦИ ДОБИВААТ НОВА МОЖНОСТ Почнаа стручните испити во болницата
Формирани се комисии за образовните профили медицинска сестра со средно образование и дипломирана медицинска сестра, дипломиран радиолошки техничар со завршено високо стручно образование, фармацевтски техничар со завршено средно стручно образование, физиотерапевти со завршено средно и високо стручно образование, лаборанти со завршено средно и високо стручно образование.
Во јавната здравствена установа Општа Болница со проширена дејност Кавадарци, со почетокот на новата година, формирана е комисија за полагање стручни испити за здравствени работници, информираа денеска од оваа здравствена институција.
„Започнуваме со уште една значајна и позитивна иницијатива. Формирана е комисија за полагање на стручните испити за здравствените работници со завршено средно и високо стручно образование, што претставува важен чекор кон унапредување на професионалниот развој и квалитетот на здравствените услуги“, соопштија од болницата.
Формирани се комисии за образовните профили медицинска сестра со средно образование и дипломирана медицинска сестра, дипломиран радиолошки техничар со завршено високо стручно образование, фармацевтски техничар со завршено средно стручно образование, физиотерапевти со завршено средно и високо стручно образование, лаборанти со завршено средно и високо стручно образование.
-Оваа иницијатива е уште еден доказ за континуираната посветеност на болницата кон поддршка на здравствените работници, нивниот стручен напредок и унапредување на целокупниот здравствен систем во регионот, подвлекоа од установата.