Здравствените работници да не користат одмор, МТВ да ги емитува препораките, МВР да гони за лажни вести
Министерот повторно апелираше дека мерките важат за сите во спротивно ќе се санкционираат тие кои не ги почитуваат и децата да не се носат во иготеки , а кога престојуваат надвор да бидат во помали групи.
Министерот за здравство Венко Филипче по владината седница ги соопшти новите мерки кои се донесени за спречување на ширењето на коронавитусот.
Владата ќе постапи по препораките од Светската здравствена органзиација по одлуката за прогласување пандемија, а за што ќе имаат разговори со претставникот на СЗО во државава како и со регионалниот директор.
На сите вработени во здрвствениот сектор им се препорачува да не користат годишни одмори, боледувања и слободни денови. Министерството за здравство телефонскиот број на ало докторе да го пренамени во кол центар.
– Донесовме и мерка здравстевните рабтници да бидат целосно на распокагање, да нема земањер одмори, ниту пак боледувања, освен ако тоа не е неопходно. Сите здравстевни работници ни се важни. денеска и утре ќе имаме состанок за тоа од каде би регрутирале доктори и медицински сестри од другите клиники кои имаат искуство во третман на пациенти во одделение за интензивна нега доколку има потреба да помогнат на колегите на Инфективна клиника. Веќе имаме план со Клиниката за анестезија и со интензивниот одел на Клиниката за неврохирургија – рече Филипче.
Се препорачува на МТВ да ги емитува сите заклучоци, мерки и препораки на владата за заштита од коронавирусот. Се укажува на МИА да ги објавува сите мерки и препораки. Се задолжуваат сите органи на државнатауправа, јавните претприујатија, агенции, фондови институции и приватен сектор за вработените кои користат оправдано отсуство до надлежните организациони единици за човечки ресурси да побараат од овие лица да достават доказ, потврда од грдаинка, копија од патна исправа за возраста на дете и копија од сведителство. Ова е мерка за родителите кои имаат деца до 10 години.
Овој заклучок се однесува и на самохраните родители. Децата кои не посетуваат детска градинка родителите не се ослободени од работа.
На сите претходно наведени органи и претпријатија вработените кои ќе отсуствуваат да достават писмена изјава до работодавачите дека се достапни за работа од својот дом преку комуникација со електронска пошта или физички.
Да се зајакнат контроли на гранични премини. Да се прекине со работа на студенстки домови и библиотеки. Ротационо дежурство во училиштата за издавање потврди.
Вработените во МВР, здрвство, Армија , Одбрана Царинска управа, Домови за нега на стари лица да се изземат од заклучоците и мерките од владата.
МВР да преземе мерки против сите кои на социјалните мрежи објавуваат невистини и медиумите кои ги пренесуваат тие дезинформации.
Да се изврши дезинфекција на сите градинки и училишта.
Министерот повторно апелираше дека мерките важат за сите во спротивно ќе се санкционираат тие кои не ги почитуваат и децата да не се носат во иготеки , а кога престојуваат надвор да бидат во помали групи.