ЗДРАВСТВЕНАТА СОСТОЈБА НА КРАЛОТ ЧАРЛС Е МНОГУ ПОЛОША ОТКОЛКУ ШТО КАЖУВААТ? Сите зборуваат дека принцот Хари се сретнал со него поради наследството

Иако многумина мислеле дека станува збор за обид за помирување, извори блиски до кралското семејство откриваат дека вистинските причини за средбата меѓу кралот Чарлс и принцот Хари се многу посериозни.

822

По година и пол без да се видат, кралот Чарлс III и неговиот помлад син, принцот Хари, се сретнаа неодамна во Лондон. Средбата се случи непосредно пред 41-виот роденден на Хари, кој се одбележува на 15 септември.

Иако многумина мислеле дека станува збор за обид за помирување, извори блиски до кралското семејство откриваат дека вистинските причини се многу посериозни.






Дали здравствената состојба на кралот Чарлс е посериозна отколку што се прикажува?

Според тврдењата на неименуван член на семејството, кои ги објави холивудскиот инсајдер Роб Шутер, причината за поканата до принцот Хари била од здравствена природа:

– Здравствената состојба на кралот Чарлс е многу полоша отколку што вели Палатата. Затоа бил поканет принцот Хари. Не станува збор за помирување, туку за наследство, изјавил извор за поткастот на Шутер на 12 септември.

На кралот Чарлс му бил дијагностициран рак на почетокот на февруари минатата година, откако беше опериран поради бенигно зголемување на простатата. Иако беше потврдено дека не станува збор за рак на простата, палатата никогаш не го објави специфичниот вид рак.

Дискретно наследство на кралската традиција

Друг извор од палатата вели дека можеби било грешка што кралот јавно ја објавил својата дијагноза.

– Беше грешка што Чарлс толку брзо и отворено споделил информации за неговата состојба.

Потсетете се дека кралицата Елизабета II, мајката на Чарлс, се борела со рак на коските до нејзината смрт во септември 2022 година, но јавноста не била информирана за тоа сè до после нејзината смрт.

– Кога луѓето ќе дознаат дека монарх умира, моќта почнува да се менува – и тоа веќе се случува, додал изворот, навестувајќи тивка транзиција на власта.

Кој е следниот во редот за наследување на тронот?

Во случај кралот Чарлс повеќе да не е во можност да ги извршува своите должности, наследник на престолот е неговиот најстар син, принцот Вилијам. Сепак, односите меѓу Вилијам и Хари остануваат затегнати. Откако го напуштија кралското семејство и имаа бројни медиумски настапи, браќата не се појавија јавно заедно, ниту пак имаа директен контакт, освен во ретки формални моменти.

Следно по редот за престолот се децата на принцот и принцезата од Велс – принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луис – додека принцот Хари е само зад нив во редот на наследување.

Пораката на кралот од болницата

Иако ретко зборува јавно за своето здравје, кралот Чарлс неодамна ја посети Универзитетската болница Мидленд Метрополитен во Бирмингем. Во таа прилика, тој разговарал со пациент кој исто така се лекува од рак и се обидел да понуди охрабрување:
– Не ми е толку лошо, ви благодарам, рекол Чарлс со срдечен тон.

Неговата посета на болницата првично била закажана за март, но потоа била откажана поради привремените несакани ефекти од неговиот третман. Портпарол на палатата во тоа време рече дека тоа е „најмала препрека на патот што оди во вистинската насока“.

Краткиот коментар на Хари по средбата

По средбата со својот татко, принцот Хари накратко коментираше за здравјето на кралот:

– Чарлс се чувствува одлично.

Додека официјалните изјави укажуваат на оптимизам, извори запознаени со ситуацијата тврдат дека зад затворени врати се водат сериозни дискусии за наследството и иднината на монархијата. И покрај затегнатите односи во рамките на кралското семејство, се чини дека сериозната здравствена состојба на кралот Чарлс повторно ги зближува – барем формално.

Поврзани содржини