Игор Здравковски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ вели дека неговата партија ги поддржува барањата на средношколците.
– Го примивме барањето на Сојузот на средношколци како пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и како дел од комисијата за образование наука и спорт која што е матично тело во ова Собрание одговоривме на ова барање како ВМРО-ДПМНЕ сметаме дека апсолутно имаат право да си ги бараат своите средношколски права поради сите овие околности кои што се настанати и КОВИД пандемијата сметаме дека не се прекршува нити уставот, ниту законите ниту законот за образование ниту на државниот испитен центар и затоа имаат апсолутна поддршка. Ќе пробаме да ги искористиме сите алатки кои што ни стојат на располагање за да го реализираме ова барање бидејќи гледаме дека според нас Министерката постојано продолжува да се однесува автократски меѓутоа тоа е само на штета на сите ученици во овој случај и на матурантите – вели Здравковски.
На прашање дали пратеничката група ќе иницира законски измени во Собранието, тој одговори:
– Да, разговараме сега ги разгледавме сите опции имаме опција јавна расправа имаме опција да го ставиме ова како предлог закон на комисијата за образование наука и спорт, имаме исто така опција да предложиме на седница директно да одиме на пленарна седница со ваква точка меѓутоа со оглед на тоа што сме во опозиција имаме едни добри односи со нашите коалициони партнери и сакаме да добиеме поширока поддршка дури и од овие кои што се претставници во комисијата од мнозинството за заеднички да донесеме што е можно побрзо решение затоа што има и некои рокови кои што се малку проблематични што понатаму доколку се одложи целиот овој процес би претставувале проблем за средношколците.