Здравков: Кој ќе понесе одговорност за оваа несериозност во образованието?

Скапата платформа се‘ уште не е потполно функционална, а наставниците беа ставени пред свршен чин за краток период да се снаоѓаат како да ја одржуваат онлајн наставата - истакна претставникот на опозициската партија.

375

Нефункционална национална платформа, ученици оставени сами на себе, професори кои се соочуваат со непознавање на системот – вака изгледа нашето образование три недели после почетокот на школската година, рече во изјава за медиумите Љубе Здравков од ВМРО-ДПМНЕ.

– Скапата платформа се‘ уште не е потполно функционална, а наставниците беа ставени пред свршен чин за краток период да се снаоѓаат како да ја одржуваат онлајн наставата – истакна претставникот на опозициската партија.






Здравков посочи дека проблемите со текот на времето се наталожуваат, а предупреди дека истите ќе ескалираат при првото оценување и проверка на знаењето кај учениците.

Тој прашува кој ќе понесе одговорност за оваа несериозност во образованието во учебната 2020/2021 година?

Поврзани содржини