Здравко Чолиќ ја одбил оваа балада, а истата подоцна ја отпеа Нина Бадриќ и направи „чудо“ со неа ВИДЕО
Еден од најпознатите пејачи во регионот Здравко Чолиќ, ја одбил песната од авторката Александра Сара Милутиновиќ „Да се опет теби вратим“, а таа подоцна стана голем хит во изведување на Нина Бадриќ.
Александра неодамна открила што ѝ рекол Чола кога во една прилика се сретнале на аеродром, за песната која ја одбил, а во моментот кога истата била меѓу најслушаните песни.
Песната ја напиша талентираната Александра Милутиновиќ специјално за Чола, но соработката не се случила.
Александра сега откри што ѝ рекол пејачот кога ја сретнал на аеродромот, по повод оваа песна.
„„Па, ова е хит, оваа песна ти стана хит“. Тој само тоа го кажа и потоа на следниот албум ја направивме песната „Памук“. Мислам дека што се однесува до песните, важи она „не е за кого е наменето, туку на кого му е судено“. Клише е, но тоа е вистина“, рече Александра гостувајќи во емисијата „ Шок Ток“.
Освен таа, Александра се прославила и со песните од првиот албум на Гоца Тржан кој што излегол во 1998 година, откако се распадна групата „Тап 011“.
„Ме прославија песните кои што ги напишав за првиот албум од Гоца Тржан, додека пак, на хрватскиот пазар ме прослави песната „Да се опет теби вратим“ од Нина Бадриќ. Интересно е што таа нумера прво беше наменета за Здравко Чолиќ, но тој не беше заинтересиран да пее шлагери“, изјавила Александра минатата година.