Здравев: Судовите не се подготвени за онлајн судење им треба опрема

Првиот човек на Судскиот совет информира дека со буџетот за 2021 успеале да обезбедат 90 милиони денари за набавка на сервери

364

Факт е дека е потребна целосна дигитализација на судовите, не само за онлајн судењата, туку и за единство во примената на законите, вели првиот човек на Судскиот совет Киро Здравев за ТВ 24 .

– Ние не сме спремни и дигитализирани сите судови да одговорат на онлајн судење. Потребна ни е опрема за да може судовите да ја реализираат оваа обврска – рече Здравев.






Според него, моментално онлајн судење е потешко да се организира за граѓанските предмети.

– Многу е потешко онлајн судењето во граѓанските предмети, во кривичните е полесно ако обвинетиот се согласи. Досега имаме такви во судот во Кавадарци, а во другите немам сознанија, но факт е дека како императив се наметнува потребата ова искуство од пандемијата понатаму да ни послужи да се предвидат правила во процесните закони заради онлајн судење – рече Здравев.

Здравев рече дека испратил писмо до претседателите на судовите и има многу мал број е на судови каде што може да има онлајн судење. Со буџетот за 2021 успеале да обезбедат 90 милиони денари за набавка на сервери.

 

Поврзани содржини