ЗДРАВА ЗАМЕНА ЗА ЧОКОЛАДО Рогачот ги намалува холестеролот и ризикот од срцеви заболувања
Истражувањата кои се правеле со години наназад покажале дека рогачот влијае на намалување на високиот лош холестерол и е корисен за луѓето со висок крвен притисок. Доколку страдате од дијареа или имате проблеми со варењето, добро ќе ви дојде напиток или колач од рогач. Рогачот успешно влијае на сузбивање на токсините и растот на бактериите во цревата.
Рогачот или Caratonia siliqua е зимзелено растение, односно дрво чиј плод наликува на мешунка од грашок. Рогачот меѓу народот е најпознат како слатка, но здрава замена за чоколадото, а неговите лековити својства биле познати уште во античка Грција, каде што рогачот се користел како лек 4000 години.
Интересен податок поврзан со растението рогач потекнува од 19 век и се однесува на вокалните изведувачи. Имено, британските хемичари им продавале мешунки од рогач на пејачите бидејќи ова растение покажало одлични резултати за болки во грлото.
Поради сличниот вкус, луѓето обично го поистоветуваат рогачот со чоколадо. Сепак, рогачот е многу поздрав од чоколадото, како што ќе видите во текстот на порталот „Арт кујна“.