ЗДРАВ РУЧЕК ЗА 10 МИНУТИ Имаме шест едноставни, брзи, но избалансирани рецепти
Не, не мора да значи дека она што се прави набрзина, не е здраво. Напротив, имаме неколку рецепти кои се и здрави и брзи и одлични ако ви здодеа долго да готвите или да нарачувате храна
Брзото темпо на живот не тера на пронаоѓање што е можно поедноставни решенија, како и на што поголема заштеда на време и енергија. Инстант решенијата се особено привлечни бидејќи се чини дека можеме веднаш да задоволиме некои од нашите потреби.
Така е и со оброците. Пекари, брза храна, достава, автомати со грицки и слично нудат веднаш да ја задоволиме гладта што ја чувствуваме, без да мора да се потрудиме околу подготвувањето на храната.
Ваквите решенија се совршено добри во исклучителни ситуации, на пример на пат. Сепак, овој начин на конзумирање на храна секојдневно, може да биде штетен за нашето здравје на долг рок. Кој има енергија да готви после работа?
Меѓутоа, вообичаена заблуда е дека здравата исхрана бара многу време поминато во кујната. Всушност важи спротивното.
Здравата исхрана не се само чорби за кои е потребен најмалку еден час, туку брзи и урамнотежени оброци кои навистина можат да бидат готови за 10 минути.
Овие одлични рецепти ќе ги најдете на „Арт кујна“.