ЗДРАВ Е, АМА И НЕ Е… Не го јадете овој зеленчук повеќе од еднаш неделно
Спанаќот е многу здрав, но на пазарот се претвора во отров. Иако изгледа свежо, домашно одгледувано и полно со живот, неговите тенки листови апсорбираат пестициди како сунѓер, а дел од хемикалиите остануваат во него дури и по темелно миење или готвење.
Спанаќот, кој често се смета за симбол на здравјето, всушност може да биде најопасниот зеленчук на пазарот. Иако изгледа свежо, домашно одгледувано и полно со живот, неговите тенки листови апсорбираат пестициди како сунѓер, а дел од хемикалиите остануваат во него дури и по темелно миење или готвење.
Поради помеката структура на листовите, спанаќот лесно задржува разни видови пестициди, а истражувањата покажуваат дека во просек, содржи повеќе од петнаесет. Ваквите супстанции можат да влијаат на хормоните, имунитетот и дигестивниот систем, па затоа здравиот оброк лесно може да се претвори во извор на токсини.
Покрај спанаќот, целерот, доматите, компирите и кељот се меѓу најзагадените видови зеленчук, додека јагодите, јаболката и грозјето се особено ризични меѓу овошјето. Токму она што изгледа најубаво и најзелено често крие најголема количина на хемикалии.
Прочитајте повеќе на „Арт кујна“.