ЗДРАВ ЧОВЕК ИМА СТО ЖЕНИ Лапсусот на министерот Берош го насмеа регионот (ВИДЕО)
На прес-конференцијата на хрватското Министерство за здравство се разговараше за здравствената реформа, а Берош сакаше да употреби позната народна мудрост, но направи лапсус, кој ги насмеа сите.
Mинистерот за здравство, Вили Берош со својата изјава која стана вирална ги насмеа сите во регионот, пишуваат хрватските медиуми.
На прес-конференцијата на хрватското Министерство за здравство се разговараше за здравствената реформа, а Берош сакаше да употреби позната народна мудрост, но направи лапсус, кој ги насмеа сите.
– Здрав човек има сто жени – рече Берош кој со изјавата предизвика смеа во салата.
Кога сфати што кажа, и самиот се насмеа и призна дека ваквиот лапсус му се случува по вторпат дента.
– Ќе се поправам и ќе кажам дека болниот човек има само една желба. Тоа секако е да оздрави – заклучи министерот.