Ѝ ЗДОДЕА ДА БИДЕ ИНСПЕКТОРКА СО ЗАВРШЕНО СРЕДНО МЕДИЦИНСКО, ПА ПОСАКА ДА СТАНЕ ДИРЕКТОРКА? Миликије Халими ќе раководи со „АД Аеродроми“

Халими доаѓа на местото на досегашниот прв човек Трајче Ангеловски со одлука на Надзорниот одбор на 25 октомври на друштвото кое управува со имотот на двата македонски аеродроми во делот кој не е под концесија на ТАВ Македонија, објави порталот Експрес.

6,518

Поранешната градоначалничка на Арачиново, Миликијe Халими, која пред некоја година победи на конкурс за вработување како инспекторка во Царинската управа иако има завршено само средно медицинско училиште, овојпат е назначена за директорка на „АД Аеродроми“.

Халими доаѓа на местото на досегашниот прв човек Трајче Ангеловски со одлука на Надзорниот одбор на 25 октомври на друштвото кое управува со имотот на двата македонски аеродроми во делот кој не е под концесија на ТАВ Македонија, објави порталот Експрес.






До Надзорниот одбор на „АД Аеродроми“ пристигнала препорака без образложување дека Ангеловски треба да се разраши и да се назначи Халими.

И ТОА МОЖЕЛО, ХАЛИМИ ЌЕ БИДЕ ЦАРИНСКА ИНСПЕКТОРКА СО СРЕДНО МЕДИЦИНСКО!? Поранешната градоначалничка на Арачиново победила на конкурс

Поврзани содржини