ЗБОРУВАВ СО КОВАЧЕВСКИ, АМА НЕ ЗНАМ КОЈА ФУНКЦИЈА ЌЕ ЈА ДОБИЈАМ Андреј Петров најави камбек во политиката

Социјалдемократите утре одржуваат Централен одбор на кој се очекува да биде предложено ново партиско раководство и да биде промовиран Советот за креирање и имплементација на политики, со кој би раководел поранешниот пратеник на СДСМ, Игор Ивановски-Шема.

4,872

Се видовме и разговаравме со Димитар Ковачевски, но сè уште не ми е познато каков ќе биде мојот ангажман во партијата, изјавил за НоваТВ поранешниот пратеник и поранешен градоначалник на Општина Карпош од редовите на СДСМ, Андреј Петров, отккао во јавноста се појави информацијата дека се очекува негов камбек во политиката.

– Да, разговаравме со претседателот Ковачевски, но не зборувавме за тоа на која позиција ќе бидам поставен. И јас ги читам написите, но ајде да почекаме до утре, оставам на Ковачевски и на органите и телата на партијата да го утврдат тоа – изјавил Петров.






Социјалдемократите утре одржуваат Централен одбор на кој се очекува да биде предложено ново партиско раководство и да биде промовиран Советот за креирање и имплементација на политики, со кој би раководел поранешниот пратеник на СДСМ, Игор Ивановски-Шема.

Поврзани содржини