ЗБОРУВАА ЛИ ПУТИН И ТРАМП НА ТЕЛЕФОН? Русија не потврдува, но не ни демантира дека се случил разговор меѓу двајцата претседатели

Претседателот на САД, Доналд Трамп, запрашан колку пати разговарал со Путин, истакна дека е „подобро да не кажува“.

155

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека не може „ниту да потврди ниту да демантира“ дали имало телефонски разговор помеѓу претседтелите на Русија и САД, Владимир Путин и Доналд Трамп.

Американскиот претседател во интервју за Њујорк пост изјави дека телефонски разговарал со Путин за завршување на војната во Украина.






Трамп, запрашан колку пати разговарал со Путин, истакна дека е „подобро да не кажува“.

– Тој (Путин) сака да види дека луѓето ќе престанат да умираат – посочи Трамп.

Трамп за Њујорк пост истакна дека „отсекогаш имал добри односи со Путин“ и дека има конкретен план за ставање крај на војната, но, не откри повеќе детали.

– Се надевам дека ќе биде брзо. Луѓето умираат секој ден. Оваа војна е толку лоша за Украина. Сакам да заврши оваа проклета работа – истакна Трамп.

Минатиот месец портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Путин е подготвен телефонски да разговара со претседателот на САД.

Трамп најави и средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

ТРАМП СЕ СЛУШНАЛ СО ПУТИН НА ТЕЛЕФОН Претседателот на Русија веќе не сака крвопролевање

Поврзани содржини