📽️ ЗБОРОТ Е ЗБОР, ВАРДАРИШTЕ ЗАМИНУВА ВО ИСТОРИЈАТА Ѓорѓиевски најави парк од 300.000 квадратни метри
Следува процесот на одгасување, а потоа - изградба на еден од најголемите паркови на површина од 300.000 квадратни метри, по сите стандарди. Новите бели дробови на градот, напиша градоначалникот на Скопје споделувајќи видео.
Започна површинското чистење на повеќедецениската депонија Вардариште, објави на социјалните мрежи градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски.
Тој сподели снимка од расчистувањето.
„Следува процесот на одгасување а потоа – изградба на еден од најголемите паркови на површина од 300.000 квадратни метри, по сите стандарди. Новите бели дробови на градот“.