„ЗБОГУМ УДБАШКА ЗЕМЈО МИЛА, ВО ТЕБЕ ИМА ЛЕБ САМО ЗА ТЕА ТАИРОВИЌ…“ Ламбе Алабаковски објави дека повторно заминува на печалба

Познатата српска пејачка Теа Таировиќ лани ја разбесни македонската јавност и ги запали социјалните мрежи откако на концерт, пеејќи една од најпознатите македонски песни „Македонско девојче“, ги измени стиховите „...нема поубаво девојче од Македонче“  во „...нема поубаво девојче од Бугарче“.

5,244

Пејачот Ламбе Алабаковски објави дека има намера повторно да замине на печалба во странство, најверојатно поради тоа што, како што навестува, овде за него „нема леб“.

Во статус на својот профил на Фејсбук Алабаковски напиша: „Удбашка земјо мила, збогум. Од љубов не се живее. Само за Теа Таировиќ и таквите како неа има леб тука“. Под објавата има хаштаг #ојдовнапечалбанесевратив, заедно со фотографии од камиони.






Статусот на Алабаковски уследи откако социјалните мрежи се преплавија со објави од концертот на српската пејачка Теа Таировиќ, која ја преполни салата „Јане Сандански“ во Скопје во која настапуваше.

Објавата на Алабаковски на социјалната мрежа „Фејсбук“ набргу по објавувањето беше тргната, односно не беша јавно достапна.

Алабаковски, кој стана познат откако победи талент-шоуто „Плеј – потрага по ѕвезди 2004″, а беше во конкуренција и за македонски претставник на Евросонг во 2007 година, пет години помина на печалба во САД, а пред помалку од две години се врати во родната Македонија.

Во јуни лани Алабаковски подметна оган на влезната врата на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола, за што беше осуден на условна казна затвор од шест месеци, со условен период од една година.

Познатата српска пејачка Теа Таировиќ лани ја разбесни македонската јавност и ги запали социјалните мрежи откако на концерт, пеејќи една од најпознатите македонски песни „Македонско девојче“, ги измени стиховите „…нема поубаво девојче од Македонче“  во „…нема поубаво девојче од Бугарче“.

„НЕМА ПОУБАВО ДЕВОЈЧЕ ОД БУГАРЧЕ“ Теа Таировиќ се правда, песната ја изменила поради убава девојка од публиката ВИДЕО

Поврзани содржини