ЗБОГУМ ПМ ЧЕСТИЧКИ Градинките во Центар добија заштитни филтри

Филтрите имаат за цел да делуваат против ПМ честичките и штетните надворешни влијанија, кои се особено изразени во зимскиот период, спречувајќи го загадувањето на амбиенталниот воздух и просториите во градинките.

229

Општина Центар започна да поставува заштитни нано филтри на прозорците на сите 11 градинки под нејзина надлежност.

Филтрите имаат за цел да делуваат против ПМ честичките и штетните надворешни влијанија, кои се особено изразени во зимскиот период. Со поставувањето на филтрите во голема мера се намалува изложеноста на децата на ПМ 10, ПМ 5 и ПМ 2,5 честичките, спречувајќи го загадувањето на амбиенталниот воздух и просториите во градинките.






Нано филтрите се изработени од еколошки и биоразградливи материјали, не нанесуваат штета на здравјето на децата и вработените и не ја загадуваат животната средина.

Досега филтри се поставени на матичниот објект на детската градинка „Кочо Рацин“, на прозорците на објектот „Наум Наумовски Борче“ од истата градинка, а во текот на наредните денови исти такви филтри ќе се постават и на останатите 9 објекти на општинските градинки.

– Здравјето и добросостојбата на нашите деца е еден од главните приоритети во работата на Општина Центар – рече градоначалникот Горан Герасимовски.

Поврзани содржини