„ЗАВРТИ И ПОБЕДИ“ ДОЈДЕ ДО ЗАВРШНАТА ФАЗА Наградите се фантастични, во игра се и два автомобила

„Заврти и победи“ има фантастичен фонд на награди од 13 милиони денари, со 300 награди од кои 34 се стокови награди, а 266 се парични награди. Најголемо внимание предизвикуваа двата автомобила Мерцедес GLB.

79

Утре во 12 часот во просториите на Видеолотарија ќе се реализира последната фаза – дополнителната игра „Среќно тркало“, од наградната игра „Заврти и победи“. Со ова, ќе биде комплетиран списокот на наградените со стокови награди од четвртото коло од наградната игра „Заврти и победи“, но и на добитниците на главните награди.

Секој квалификуван учесник кој претходно веќе е известен, е должен да дојде во точно закажаното време и место. Пред извлекувањето во живо, со себе да носи личен документ за идентификација, со цел уредно да биде легитимиран од страна на комисијата, за да може да го врти тркало и да освои награда, согласно правилата од наградната игра. „Среќно тркало“ е сочинето од круг со 11 полиња на кои се прикажани наградите за колото во секоја категорија.






Полиња на тркалото за извлекување на награди од четвртото коло се:

– 1 помошно поле Старт;

– 2 вредносни полиња со 1. награда Лаптоп;

– 2 вредносни полиња со 2. награда Таблет;

– 2 вредносни полиња со 3. награда Мобилен телефон;

– 2 вредносни полиња со 4. награда Рачен дигитален часовник;

– 2 вредносни полиња со 5. награда 5100 денари.

Полиња на тркалото за извлекувањето на Главните награди се:

– 1 помошно поле Старт;

– 2 вредносни полиња со 1. награда Автомобил;

– 2 вредносни полиња со 2. награда 510.000 денари;

– 2 вредносни полиња со 3. награда 170.000 денари;

– 2 вредносни полиња со 4. награда 85.000 денари;

– 2 вредносни полиња со 5. награда 51.000 денари.

 „Заврти и победи“ има фантастичен фонд на награди од 13 милиони денари, со 300 награди од кои 34 се стокови награди, а 266 се парични награди. Најголемо внимание предизвикуваа двата автомобила Мерцедес GLB.

Поврзани содржини