ЗАВРШУВААТ СТРУШКИТЕ ВЕЧЕРИ НА ПОЕЗИЈАТА За крај доделување на наградите и поетското читање „Мостови“
Поради пандемијата не присуствуваше ниту добитничката на Златниот венец, британската поетеса Керол Ен Дафи. Таа имаше видео обраќање и читање поезија преку он-лајн врска.
Со поетското читање „Мостови“ и врачување на наградите, „Браќа Миладиновци“ и „Мостови на Струга“ вечер завршува 60. издание на меѓународниот поетски фестивал Струшки вечери на поезијата. Јубилејното издание на најстарата поетска манифестација, се одржува под посебни протоколи за заштита на населението од ковид–19.
Поетските читања ќе се одржат на летната тераса во хотел „Дрим“, а не според традицијата на Мостот на поезијата. Поради пандемијата не присуствуваше ниту добитничката на Златниот венец, британската поетеса Керол Ен Дафи. Таа имаше видеообраќање и читање поезија преку онлајн врска.
Поетите учесници, кои присуствуваат во Струга ќе го посетат Вевчани и Вевчанските извори. На манифестацијата учествуваа 30-тина поети, дел од нив пристигнаа во градот на поезијата, а дел читаа поезија преку видео врски.