ЗАВРШУВА МАНДАТОТ НА БУБЕВСКИ, НАЈСЕРИОЗЕН НАСЛЕДНИК АНЕЛ ФИДОСКИ? Ќе се бира нов шеф на скопското јавно обвинителство

За функцијата интерес пријавиле и обвинителите Тања Трајчевска, Дејан Петрески и Спасенка Андонова, која важи за кандидатка со најдолг работен стаж – повеќе од 20 години во обвинителството.

176

Советот на јавни обвинители на 20 јануари ќе одржи седница на која ќе се избира нов раководител на Основното јавно обвинителство Скопје, поради истекот на мандатот на актуелниот шеф Гаврил Бубевски, кој завршува на 18 јануари.

Според информации на ТВ21, како најсериозен кандидат за наследник на Бубевски се споменува обвинителот Анел Фидоски. За функцијата интерес пријавиле и обвинителите Тања Трајчевска, Дејан Петрески и Спасенка Андонова, која важи за кандидатка со најдолг работен стаж – повеќе од 20 години во обвинителството.






Пријавените кандидати имаат професионално искуство од шест до дваесет години и зад себе повеќе предмети од висок јавен интерес.

На истата седница Советот ќе избира и раководител на Основното јавно обвинителство Тетово, каде единствен кандидат е актуелниот шеф Бесир Алиу.

Изборот на ново раководство на скопското обвинителство се случува во период на пошироки кадровски промени во обвинителската структура, по оставката на републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски и назначувањето на Анита Тополова Исајловска за вршител на должноста јавен обвинител.

 

Поврзани содржини