ЗАВРШУВА ЛИ ДРАМАТА НА КОСОВСКО-СРПСКАТА ГРАНИЦА? Постигнат е начелен договор, на потег е Белград
Според РТС, Бислими исто така рекол дека според предложениот договор, спорните регистарски таблички кај Србите кои се заглавени на српско-косовската граница нема да се отстрануваат, туку ќе се лепат налепници. Ќе се повлечат специјалните единици и ќе дојде КФОР. Но, се очекува одговор од Белград.
Начелен договор „за враќање на слободата на движење меѓу двете страни“, повлекување на специјалните единици и војски од двете страни и распоредување на единици на КФОР за еднонеделните тензии на српско-косовската граница е постигнат во Брисел, дознава Танјуг. Според зборовите на преговарачот за Приштина, Бесник Бислими, сега Белград е на потег, а специјална средба заедно со српскиот претставник нема да се одржи.
Но, освен Бислими денеска во Брисел, со специјалниот претставник на ЕУ, Мирослав Лајчак се сретна и преговарачот за Србија, Петар Петковиќ. Во моментов уште се очекува неговата изјава.
Според РТС, Бислими исто така рекол дека според предложениот договор, спорните регистарски таблички кај Србите кои се заглавени на српско-косовската граница нема да се отстрануваат, туку ќе се лепат налепници.