ЗАВРШУВА КРАТКАТА ЗИМА ВО МАЈ Следуваат топли дождливи денови, со студени утра

Најстудено утре ќе биде во Маврово, со температура до минус 1 степен, а најтопло ќе биде во Скопје, Велес и во Гевгелија, каде температурата ќе достигне до 26 степени.

510

Времето утре ќе биде со ведро и свежо тро, а преку денот сончево со мала до умерена облачност, најавува Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува слаб до умерен ветер. Наместа во западните делови повремено ќе дува засилен ветер од западен правец.






Фото: УХМР

Најстудено ќе биде во Маврово, со температура до минус 1 степен. Најтопло ќе биде во Скопје, Велес и во Гевгелија, каде температурата ќе достигне до 26 степени.

Понатаму следува период на топло време, до понеделник со пониски утрински температури. Дневните температури ќе бидат во пораст.

Во следната седмица во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и со грмежи.

Фото: УХМР
Поврзани содржини