ЗАВРШИ ВТОРАТА РУНДА ПРЕГОВОРИ МЕЃУ САД И УКРАИНА Се очекува заедничка изјава на руските и на американските претставници

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во синоќешното обраќање најави дека делегацијата на САД повторно ќе се сретне со украинскиот тим по средбата со руската делегација во Саудиска Арабија.

404

Делегациите на САД и на Украина ја завршија втората рунда преговори во Саудиска Арабија, пренесува украинскиот јавен радиодифузен сервис „Суспилне“, повикувајќи се на извор во делегацијата.

Претходно беше соопштено дека украинската делегација поради овој состанок го продолжила престојот во Саудиска Арабија за уште 1 ден.






Засега нема информации за темите на разговорот. Состанокот меѓу руската и американската делегација, кој траеше повеќе од 12 часа, заврши вчера, а за денеска е најавена заедничка изјава на претставниците на Русија и САД.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во синоќешното обраќање најави дека делегацијата на САД повторно ќе се сретне со украинскиот тим по средбата со руската делегација во Саудиска Арабија.

Поврзани содржини