ЗАВРШИ ВРЕМЕТО НА КРАЖБА НА НАРОДНИ ПАРИ Арсовска вети брзи и ефикасни решенија за проблемите
Верувам дека сите заслужувате квалитетен, удобен, навремен, но, пред се бесплатен јавен превоз. И тоа е она кое што сите вие скопјани ќе го добиете во следните години, односно од самиот почеток на мојот мандат ќе се отпочне со овој проект, рече Арсовска.
Сите ние заедно и посветено можеме да го реализираме тоа што ни треба и за населбата, општината и за Скопје, рече Данела Арсовска на вечерашниот митинг во општина Карпош.
– Ќе се избориме за вистинското. И не само за Карпош, туку и за вистинското за Скопје. Верувам дека треба да се даде шанса на некој кој не е политичар. Кога ќе се договориме што треба, заеднички и ќе делуваме – рече Арсовска.
Таа посочи дека сега никој не ги слуша ниту граѓаните, ниту гледа што е потребно за населбите, општините и Скопје во целина.
– Ние заедно ќе ја исцртаме иднината, ќе го направиме Генералниот урбанистички план, сите треба убаво да живееме, Скопје треба да биде убаво место за живеење – потенцираше Арсовска.
Според неа скопјани заслужуваат да можат брзо да ги завршат сите работи за кратко време.
– Нема повеќе да има празни ветувања, нема да има ветено – неостварено. Вратите секогаш ќе бидат отворени за граѓаните и нема да постојат ситуации каде што ќе треба со месеци да штрајкуваат и да протестираат по улиците за да кажат дека нешто не сакаат – рече Арсовска.
додаде дека граѓаните имаат право да одлучуваат каква иднина сакаат, и гласот на граѓаните мора да биде слушнат од градоначалниците.
Таа посочи дека скопјани ќе добијат бесплатен јавен превоз.
– Она што го кажав досега е дека исто така ќе се фокусираме на јавниот превоз. Верувам дека сите заслужувате квалитетен, удобен, навремен, но, пред се бесплатен јавен превоз. И тоа е она кое што сите вие скопјани ќе го добиете во следните години, односно од самиот почеток на мојот мандат ќе се отпочне со овој проект. А, вториот многу важен проект кој што го зборувам изминатите денови е проектот преку кој што ќе обезбедиме да нема повеќе заборавени населби во Скопје – вети Арсовска.
Арсовска укажа дека не треба да се дозволи повеќе да има неасфалтирани патишта, не смее да се дозволи граѓаните да немаат вода за пиење, да нема фекална и атмосферска канализација.