ЗАВРШИ ЉУБОВТА, ЌЕ ЗАВРШИ И ДОГОВОРОТ Дојде ли крајот на рекламата „Ана и Бастијан прегрнати до 2027“?
Бастијан Швајнштајгер и неговата сопруга, тениската легенда Ана Ивановиќ, ќе го изгуба рекламниот договор со германската модна компанија „Бракс“ по разводот. Брачната двојка ја почна својата соработка со модната компанија на 1 август 2019 година, а првата колекција со тогашниот пар од соништата беше лансирана во јануари 2020 година.
Тогап „Бракс’ ги опиша како „гламурозна брачна двојка“ и „одличен рекламен пакет“, а договорот беше потпишан до 2027 година.
Иако нивниот брак заврши, Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер сè уште се појавуваат насмеани и прегрнати на билборди и реклами низ Германија. Причината за тоа не е обнова на љубовта, туку деловен договор кој ги обврзува на заедничка промоција до 2027 година.
Сепак, сè се промени кога се појави веста дека славната двојка се разведува, а работата стана уште полоша на почетокот на јуни, кога Бастијан Швајнштајгер беше фотографиран како се држи за раце и се гушка со Бугарката Силва на јавна плажа на Мајорка.
Според информациите на „Билд“, аферата со мајката на две деца на училишна возраст трае веќе неколку месеци.
Модната компанија е „иритирана“ од фотографиите, а извршниот директор на компанијата ја изразил својата загриженост за интимните фотографии на Бастијан Швајнштајгер и на неговата нова девојка. После тоа, компанијата брзо презеде мерки.
– Двајцата беа повеќе од само лица; тие беа повеќе како колеги. Тоа беше многу моќен период за нас со нив. Би сакале да продолжиме така. На крајот, мора да се соочиме со фактите. Тие повеќе не се пар, па затоа ќе ја прекинеме нашата соработка – рече првиот човек на модната компанија.
Првично, договорот требаше да важи до 2027 година. Но, по завршувањето на бракот, беше незамисливо поранешниот пар да продолжи заедно да ја промовира модната компанија.
Бастијан Швајнштајгер и Ана Ивановиќ за „Билд“ не сакале да коментираат за прекинот на соработката со модниот бренд.