Заврши сослушувањето на лидерот на ДУИ Али Ахмети пред хашките обвинители во Приштина, потврди за Плусинфо Артан Груби генерален секретар на партијата. Груби одби да даде какви било детали од сослушувањето на Ахмети. Тој само вели дека лидерот на ДУИ вечерва се враќа во Македонија.
Според косовските медиуми, како и некои меѓународни медиуми, Ахмети е повикан од Меѓународниот суд на правдата, со седиште во Хаг, како сведок, како еден од припадниците на Ослободителната војска на Косово (ОВК) од нејзиното формирање и активен учесник во војната на Косово во периодот 1998-99 година.
Сослушувањето на Ахмети во Специјалното обвинителство за Косово траеше два дена. Тој самиот изјави дека е повикан како сведок.