ЗАВРШИ РАСПИТОТ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА КОЧАНИ Се чека одлука за неговиот статус во постапката

833

Обвинителството вечерва соопшти дека распитот на градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов е завршен и дека дополнително ќе биде донесена одлука за неговиот натамошен статус во постапката.

– Извршен е распит на градоначалникот кој даде определени појаснувања и сознанија. Таквиот исказ се споредува со доказниот материјал и надлежностите на општината, по што ќе биде донесена одлука за неговиот натамошен статус во постапката, информираат од Обвинителството.






Градоначалникот на Кочани денеска поднесе неотповиклива оставка од функцијата.

Во моментот се врши распит и на други лица за случајот со пожарот во дискотеката во Кочани во кој загинаа 59 лица.

На распит во Основниот суд во Кочани донесени се и поранешниот министер за економија Крешник Бектеши и поранешниот директор на Пазарниот инспекторат Горан Трајковски.

Поврзани содржини