📷 ЗАВРШИ ПРВАТА ФАЗА ОД РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ХИДРОСИСТЕМОТ ЃАВАТО Двојно повеќе вода ќе се влева во Дојранското Езеро
На првата шахта е монтирана една репарациона спојка, на втората шахта монтирани се две репарациони спојки, на делот каде што се спојува цевката Ф273 со Ф914 - извршено е заварување со дупли лимови. Останува уште една интервенција на цевката за испуст и со тоа ќе бидат дуплирани количините вода кои ќе се влеваат во Дојранското Езеро, напиша на Фејсбук премиерот Христијан Мицкоски и даде детали од следните две фази на санацијата на хидросистемот.
Заврши првата фаза на санирање на хидросистемот Ѓавато, објави премиерот Христијан Мицкоски на Фејсбук заедно со слики од санацијата. Тој информираше дека бунарскиот дел од е комплетно завршен, пуштена е водата и дека никаде нема протекување.
„На првата шахта е монтирана една репарациона спојка, на втората шахта монтирани се две репарациони спојки, на делот каде што се спојува цевката Ф273 со Ф914 – извршено е заварување со дупли лимови. Останува уште една интервенција на цевката за испуст и со тоа ќе бидат дуплирани количините вода кои ќе се влеваат во Дојранското Езеро.
Каква беше состојбата пред интервенцијата? Повеќе од четири години пробиени цевки на двата функционални бунари. Потрошени повеќе од половина милион евра за електрична енерија, а ефектот минимален или никаков. Два функционални од десет направени бунари. Негрижа и срам.
Во втората фаза ќе обезбедиме најмалку уште две бунарски пумпи за зголемен капацитет и побрзо полнење на Дојранското Eзеро. Владата во втората фаза ќе го задолжи ФОД при ЕСМ (поранешно ЕЛЕМ) да ги репарира постојните потисни пумпи.
Конечно во последната трета фаза ќе инсталираме сончеви панели со батерии за акумулирање на електричната енергија и сопствено производство на електрична енергија. Нема трошење милиони евра од буџетот за електрична енергија.
Продолжуваме да го исправаме тоа што е уништено, запоставено. Многу работа завршивме, уште повеќе нè чека. Македонија се сака со дела!“, напиша Мицкоски на својот Фејсбук профил.