ЗАВРШИ ПРИВАТИЗАЦИЈАТА НА СДСМ, ИМ СЛЕДУВА ЖЕСТОК СТЕЧАЈ Прелетачи, дилери и корисници на дрога, криминалци и губитници се најлошото ракоодство досега

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека новото раководство на СДСМ е убедливо најлошиот состав на партијата, кои ги избра Зоран Заев, а ги изгласа Венко Филипче.

734

Во новото раководство на СДСМ, влезе поранешниот директорот на затворот Шутка со активна кривична пријава за злоупотреба на службена должност, како и Јон Фрчкоски кој беше фатен и призна како се дрогира на своето работно место и кој наместо казна доби унапредување во партијата, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Новите сили, а стари кадри напишани од Зоран Заев и изгласани од Венко Филипче се: Рената Младеновска, ексдиректорка на Државниот санитарен и здравствен инспекторат и досегашен член на ИО на СДСМ, Драган Крајовски, претседател на ОО на СДСМ Битола во времето на Димитар Ковачевски, директор на затворот „Црн мост“ во Битола од времето на Зоран Заев и член на Централниот одбор на СДСМ. Понатаму, Дејан Николовски, вработен во кабинетот на Зоран Заев, задолжен за странските инвестиции и досегашен претседавач на Централниот одбор на СДСМ. Андреј Жерновски – прелетач за функција од ЛДП во СДСМ на Зоран Заев, неуспешен и скандалозен дипломат, неуспешен градоначалник, неуспешен градежник, јавноста не го памети по ништо добро, туку само по ширење паника дека ќе се урне стадионот кој сè уште стои“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.






Агрон Демири, се додава, уште еден кадар од старото СДСМ, екс советник во Сектор за ЕУ и меѓународна соработка, кој потоа како правник е дел од Одделението за правни услуги во ЕСМ, коносител во ИЕ 6 на парламентарните кога СДСМ го претрпеа најголемиот пораз и не успеа како втор на листа да влезе како пратеник.

„Љупчо Фармаковски – фосил уште од времето на Хари Костов во Владата и МВР како државен советник, кој и до денес му е главен координатор за човечки ресурси во Комерцијална банка. Во 2008 беше претседател на Националната комисија за интегрирано гранично управување. И досега беше организациски секретар на СДСМ. Јована Тренчевска – поранешна министерка во владите на Заев за труд и социјална политика. Кочеше 16 согласности за воспитувачки и негувателки и 10 согласности за помошно технички персонал во градинките во општината Бутел кога градоначалникот беше од ВМРО-ДПМНЕ, а исто така, опструираше и одземаше ингеренции и во Куманово. Го врати на работа директорот на Центарот за социјална работа – Радовиш, Александар Филев од СДСМ, откако беше разрешен затоа што е фатен во трговија со дрога. Во 2024 се повлече од функцијата како претседателка на форумот на жени на СДСМ. Тогаш напиша од денес во СДСМ нека настапат оние со квалитети, вистински знаења, лица блиски до народот на кои им се верува. Нови лица, неизвалкани од времето на претходните функционери, а сега се промовира како освежување“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ

Ова е убедливо најлошиот состав на СДСМ и Зоран Заев, се додава во соопштението.

„Приватизациjата на СДСМ завршува, наредниот чекор е жесток стечај“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини