ЗАВРШИ ПОТРАГАТА ВО ДОЈРАНСКОТО ЕЗЕРО „Тигрите“ го пронајдоа телото на удавениот 42 годишен штипјанец

Несреќата се случи денеска околу 11:30 часот, кога во СВР Струмица било пријавено дека во Дојран, во непосредна близина на Градската плажа, едно лице паднало од педалинка во езерото и се удавило, а за настанот бил известен јавен обвинител.

10,043

Нуркачите од САЕ Тигар на МВР пред малку го пронајдоа телото на удавениот штипјанец и го извлекуваат на брегот на Дојранското Езеро.

Полициски службеници од СВР Струмица излегле на местото на несреќата при што било утврдено дека станува збор за И.З.(42) од Штип, со престој во Германија.






– Припадници на нуркачки тим од САЕ „Тигар“ при МВР пристигна на местото на несреќата и по преземени активности од нивна страна телото во 19.12 часот е пронајдено и извлечено од водите на езерото. Смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото ќе биде предадено за обдукција – стои во информацијата од МВР.

Според информацијата од Центарот за управување со кризи (ЦУК), во потрагата учестувувале ТППЕ и СВР Струмица, а и припадниците на граничната полиција,кои трагале со чамец. Од 16:00 часот нуркачкиот тим, со две возила и пет лица, од Специјалната антитерористичка единица „Тигар“, трагал по телото на давеникот. Во потрагата биле вклучени и  гранична полиција Дојран со двајца полицајци и 1 чамец и ПС Гевгелија со 6 полицајци. Пред крајот на денот било пронајдено телото на давеникот.

Несреќата се случи денеска околу 11:30 часот, кога во СВР Струмица било пријавено дека во Дојран, во непосредна близина на Градската плажа, едно лице паднало од педалинка во езерото и се удавило.

Поврзани содржини