ЗАВРШИ ОДМОРОТ ЗА МИЦКОСКИ Од утре повторно разговори со колициските партнери за референдумот

Внатрепартиската дебата ќе продолжи утре, во вторник, среда, така што многу скоро од денеска ќе имаме позиција. Нема што повеќе да додадам освен да го завршиме процесот и да излеземе со конечен став пред граѓаните – дали ќе одиме со 150 000 потписи или со пратениците, рече Мицкоски.

282

Од утре продолжуваат консултациите за референдумот со коалициските партнери, да видиме кој е нивниот став. Многу скоро ќе излеземе со конкретна позиција, рече денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

– Внатрепартиската дебата ќе продолжи утре, во вторник, среда, така што многу скоро од денеска ќе имаме позиција. Нема што повеќе да додадам освен да го завршиме процесот и да излеземе со конечен став пред граѓаните – дали ќе одиме со 150 000 потписи или со пратениците, имајќи предвид дека континуирано се сее притисок од власта дека некој се двоумел, а не сакаме да ги изложуваме толку граѓаните пред оваа хибридна и режимска власт па може ќе се одлучиме да одиме со 44 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ да го поднесеат рефернедумот – изјави Мицкоски во Љубанци по пуштањето во употреба на ново спортско игралиште.

Поврзани содржини