ЗАВРШИ ОБДУКЦИЈАТА ВРЗ МАЛАТА ВАЊА Телото на 14-годишното девојче е предадено на семејството
Како што објави МКД.мк, aнализите по извршената обдукција која треба да ги утврди причините за насилната смрт, времето кога девојчето починало...
Институтот за судска медицина и криминалистика во Скопје ја заврши обдукцијата врз телото на 14-годишната Вања Ѓорческа во текот на вчерашниот ден и телото веќе е предадено на семејството, пренесува порталот МКД.мк.
Како што објави порталот, aнализите по извршената обдукција која треба да ги утврди причините за насилната смрт, времето кога девојчето починало… се во тек и откако целосно ќе завршат, ќе биде изготвен обдукционен извештај кој со сите комплетни податоци и анализи ќе биде предаден на Основното јавно обвинителство Скопје. Овој извештај ќе биде дел од клучните докази во истрагата за овој грозоморен настан.
Вања исчезна на 27 ноември во 7:30 часот, а неколку дена беше пронајдено нејзиното тело.
Први во притвор завршија осомничените Велибор Манев, Влатко Кешишев и Боре Видевски, но оваа мерка завршува утре, а потоа јавното обвинителство треба да одлучи за нејзино продолжување.
Вчера мерка притвор доби и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, а кој се сомничи дека учествувал во овој чин на грабнувањето на неговата ќерка, која подоцна беше убиена.
Министерството за внатрешни работи (МВР) вчера распиша меѓународна потерница по Љупчо Палевски Палчо, првоосомничен за грабнувањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот велешанец Панче Жежовски.
Од скопското Јавно обвинителство информираа дека за осомничениот Палевски кој е во бегство, по итна постапка е донесена Наредба за спроведување истрага за кривичните дела грабнување и убиство. Денес Основниот кривичен суд му определи мерка притвор во отсуство која ќе почне да важи по неговото пронаоѓање.
Во околината на Велес беше најдено и телото на П.Ж.(74) од Велес, кој на 24.11.2023 беше пријавен за исчезнат. Официјалните информации се дека исти лица ги убиле и Вања и велешанецот.