ЗАВРШИ ОБДУКЦИЈАТА, СЕ ПРАВАТ АНАЛИЗИ Случајот со момчето кое почина по интервенција на забот го чека својот расплет

По добивање на вештиот наод, надлежниот јавен обвинител ќе донесе одлука за натамошниот тек на постапката, велат од обвинителството.

411

Обдукцијата на телото на 25-годишното момче од Берово, кое наводно почина од сепса откако му бил поправан заб заврши, објави Сител, повикувајќи се на Институтот за судска медицина. Во моментов, се вршат анализи за утврдување на причината за смртта. Истовремено, трае инспекцискиот надзор на ДСЗИ во установите каде било третирано момчето.

Денеска инспекторите ги проверуваат документите на КАРИЛ каде пациентот почина за неполни 24 часа по приемот, а ќе се проверува како го лекувале и матичниот лекар и стоматолог, како и беровската итна медицинска помош. Медицинските извештаи биле прегледани само во Клиничката болница во Штип.






Инаку стручната комисија за овој случај формирана од министерот Беким Сали прво ќе чека да заврши надзорот од ДСЗИ, па ке проверува дали нивните колеги правилно го лекувале момчето.

Кои лекари ќе прават ревизија на случајот од министерството не е познато.  Момчето почина во средата откако пред 10-тина му била правена интервенција на заб.

Предмет по допрен глас отвори и обвинителството.

„Согласно наредбата на јавниот обвинител, ексхумацијата е извршена и во тек е обдукција на телото на починатото лице со цел да се утврдат причините за смртта, како и евентуалната причинско-последична поврзаност меѓу извршените медицински интервенции и смртниот исход. По добивање на вештиот наод, надлежниот јавен обвинител ќе донесе одлука за натамошниот тек на постапката“, велат од обвинителството.

Како што претходно објави Плусинфо, Димовски наводно починал поради сепса предизвикана од забот кој го лекувал во Штипската болница.

Според извештајот од болницата, тој првпат се јавил во болницата на 14 август во 1 часот по полноќ, со изразена флегмонозна состојба на десната страна на вратот со потекло од заб.

Поврзани содржини