ЗАВРШИ ЛГБТ ПРОШЕТКАТА ВО БЕЛГРАД Полицијата имаше неколку жестоки пресметки со противниците на „Европрајд“ (ВИДЕО)
Во исто време, на неколку локации во близина, полицијата водеше вистинска војна со противниците на „Европрајд“, а приведени се десетици демонстранти.
Прошетката на припадниците и симпатизерите на ЛГБТ-заедницата во рамки на манифестациајта „Европрајд“, попладнево почна пред зградата на Уставниот суд во центарот на Белград, а заврши околу 18 часот во близина на стадионот Ташмајдан, без поголеми инциденти.
Во исто време, на неколку локации во близина, полицијата водеше вистинска војна со противниците на „Европрајд“, а приведени се десетици демонстранти.
Откако беше забрането поворката да се движи од Собранието до Калемегдан, маршот се одвиваше од Уставниот суд до Ташмајдан.
Програмата „Еуропрајд“ продолжува на стадионот Ташмајдан, каде се најавени концерти и забавна програма.
Overhead view of anti-LGBT protesters attacking police in Belgrade during EuroPride.#Belgrade #Serbia pic.twitter.com/WNipJcxkwE
— Firam (@firamnews) September 17, 2022