ЗАВРШИ ИЗГРАДБАТА НА ЕКСПРЕСНИОТ ПАТ ШТИП-РАДОВИШ Инвестицијата изнесува 63 милиони евра

Од денеска делницата Три чешми - обиколница Штип е пуштена за сообраќај за сите возила под времен режим.

1,411

Завши изградбата на експресниот пат Штип-Радовиш.Градежните работи на последната делница од Три чешми до обиколница Штип се завршени 4 месеци пред рокот, со што се комплетира изградбата на експресниот пат.

Од денеска делницата Три чешми – обиколница Штип е пуштена за сообраќај за сите возила под времен режим.






Вкупната должина на овој патен правец изнесува 40 километри и се грaдеше во две фази и тоа првата фаза од Штип до Бучим која е во должина од 23,5 километри и вредност од 48 милиони евра, додека втората фаза, делницата Три Чешми до Штип – Југ и од Бучим до Радовиш е со должина од 17 километри и инвестиција од 14,9 милион евра.

 

Поврзани содржини