ЗАВРШИ ГРЕЈНАТА СЕЗОНА Од утре ќе има парно само, ако надвор е поладно од 12 степени

Грејната сезона завршува на 15 април 2025 година и стартува т.н преоден период кој трае до 30 април.

61

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) соопшти дека согласно Правилата за снабдување со топлинска енергија и  Тарифниот систем за продажба на топлинска енергија грејната сезона завршува на 15 април 2025 година и стартува т.н преоден период кој трае до 30 април.

Од утре па се до крајот на април, доколку  прогнозираната средна надворешна температура за следниот ден  е еднаква или помала од 12ºС снабдувачот е должен во грејните простории во времето од 06.00 до 22.00 часот во текот на денот да обезбеди температура на греење од 20+1 º C.

Поврзани содржини