ЗАВРШИ ДОКАЗНАТА ПОСТАПКА ПРОТИВ ЕКСДИРЕКТОРОТ НА ЗАТВОРОТ ВО ШУТКА Обвинителката ги одложи завршните зборови

Андов и уште 7 вработени во затворот се обвинети дека овозможувале спровод на осуденици кои си исполнувале приватни потреби. Обвинителството дел од нив ги гони за злоупотреба на службената положба, а дел за несовесно работење во службата.

435

По барање на јавната обвинителка денеска во Основниот кривичен суд беше одложено судското рочиште против поранешниот директор на Истражниот затвор во Шуто Оризари, Филип Андов – Сокол и против уште 7 вработени во затворот, обвинети за овозможување спровод на осуденици за нивни приватни потреби.

На почетокот на денешното рочиште беа доставени листите на докази, со што заврши доказната постапка и судскиот процес требаше да продолжи со изнесување на завршни зборови. По барање на јавната обвинителка, рочиштето е презакажано за 26 декември.






Обвинителката образложи дека барањето за одлагање е заради подготовка на завршниот збор, како и поради нејзини неодложни обврски во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК).

– Барам одлагање заради припрема на завршен збор, воедно имам итна работа во рамките на моето постапување во ОЈО ГОКК кое не трпи одлагање – рече обвинителката.

Андов и уште неколку вработени во затворот се обвинети дека овозможувале спровод на осуденици кои си исполнувале приватни потреби. Обвинителството дел од нив ги гони за злоупотреба на службената положба, а дел за несовесно работење во службата.

Претходно пред Судот тие изјавија дека не се чувствуваат виновни.

Обвинетите, како што се наведува во соопштението на Обвинителството, во периодот од март до јули 2024 година, со умисла извршиле повеќе временски поврзани дејствија при вршење на нивните овластувања, при што на петмина осуденици им овозможиле погодности кои, согласно судските одлуки, не им следувале.

ДОЗВОЛИЛЕ ЗАТВОРЕНИЦИ ДА ШЕТААТ СЛОБОДНО ОД ЗАТВОР ДО ДОМА Обвинителство ги товари директорот Андов и уште 7 лица за тешка злоупотреба

Поврзани содржини