ЗАВРШИ БЛОКАДАТА КАЈ БАИР Сообраќајот сè уште пренасочен, „Македонија Пат“ ги отстранува препреките

По завршувањето на јавниот собир, екипи на „Македонија Пат“ ги расчистуваат блокадите, сообраќајот сè уште пренасочен.

176

Јавниот собир над населбата Баир во Битола заврши вечерва во 18:20 часот, по што започна расчистување на поставените препреки, информира Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).

Од АМСМ соопштија дека сообраќајот сè уште се пренасочува, додека екипи на ЈП „Македонија Пат“ се на терен и работат на целосно отстранување на блокадите и нормализирање на сообраќајот.






Засега нема информации кога сообраќајот ќе биде целосно пуштен во двата правци.

Поврзани содржини