ЗАВРШИ 17. ИЗДАНИЕ НА „ЛИДЕР“ ПРОЕКТОТ НА МАКЕДОНИЈА 2025 Беа обучени млади претприемачи
Жирито ги оценуваше идеите според иновативност, одржливост и пазарен потенцијал, а самите презентации претставуваа одлична можност за примена на стекнатите знаења во реален контекст, велат од Македонија 2025 за крајот на програмата во кој учесниците се натпреваруваа за најдобра бизнис-идеја.
„Со финални презентации на иновативни бизнис-идеи и нетворкинг настан со алумни-заедницата, успешно заврши седумнаесеттото издание на „Лидер Проектот“ – врвна бизнис обука организирана од Македонија2025, наменета за млади професионалци, идни менаџери и претприемачи од целата земја“.
Вака соопштија од Македонија 2025 за настанот кој се реализираше во соработка со реномираната бизнис-школа „Ричард Ајви“ од Канада и, како што се велат од Македонија 2025, „се темели на најдобрите глобални практики во деловното управување, адаптирани на локалниот контекст и предизвици“.
Во текот на две недели, учесниците интензивно работеа на теми од стратегија, финансиско управување, маркетинг, развој на производ, човечки ресурси и лидерство, преку анализа на реални деловни студии на случај, симулации и практични задачи. Обуката вклучи и индивидуална менторска поддршка од искусни канадски предавачи.
Круна на програмата беше натпреварот за најдобра бизнис-идеја, на кој учесниците ги претставија своите концепти пред жири составено од етаблирани македонски бизнис-лидери.
„Жирито ги оценуваше идеите според иновативност, одржливост и пазарен потенцијал, а самите презентации претставуваа одлична можност за примена на стекнатите знаења во реален контекст. По завршувањето на официјалниот дел, се одржа и нетворкинг настан со членови на алумни-заедницата на ‘Лидер Проектот’ што овозможи поврзување, размена на искуства и иницирање на нови соработки меѓу младите професионалци“, велат од Македонија 2025.
Од компанијата порачуваат дека „преку оваа врвна бизнис обука, Македонија 2025 останува посветена на градењето на нови генерации млади лидери и претприемачи, подготвени да придонесат за економскиот развој и иновативноста на Македонија“.