ЗАВРШЕТЕ ГИ ОБВРСКИТЕ НА СИСТЕМОТ Е-ДАНОЦИ ДО 16.30 ЧАСОТ Потоа неколку часа ќе биде исклучен

Во овој период, даночните обврзници нема да можат да поднесуваат пријави и други електронски поднесоци преку системот е-Даноци.

155

Управата за јавни приходи информира дека поради извршување на неопходни интервенции на системот е-Даноци, денеска од 16.30 часот, ќе биде недостапен.

-Во овој период, даночните обврзници нема да можат да поднесуваат пријави и други електронски поднесоци преку системот е-Даноци. Во периодот додека трае интервенцијата останатите системи на УЈП ќе бидат во функција и даночните обврзници  непречено ќе може да  поднесуваат пресметките за исплата на личен доход во е-ППД , вклучително и пресметки за плата (МПИН) – појаснуваат од УЈП.






Се предвидува интервенцијата да трае неколку часови, а по завршување на активностите системот е-Даноци повторно ќе биде ставен во функција.

УЈП апелира корисници на овој систем да ги завршат своите итни и неодложни обврски пред започнување на интервенцијата.

Поврзани содржини