„ЗАВИДЛИВИТЕ ШИРАТ ГЛАСИНИ, ИДИОТИТЕ ИМ ВЕРУВААТ“ Георгина им одговори на гласините за разделба со Роналдо

772

По бројните написи во шпанските медиуми дека Кристијано Роналдо и неговата партнерка Георгина Родригез се пред раскинување или дека веќе раскинале, португалскиот фудбалер решил да стави крај на гласините со заедничка фотографија.
Роналдо на својот профил на Инстаграм сподели фотографија со Георгина, со порака: „Да живее љубовта“.

Парот е фотографиран за време на ручек како наздравува со бакнеж.






 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano)

Шпанските медиуми пишуваа дека врската меѓу Роналдо и Георгина е во криза и дека тој го нервира нејзиното трошење пари.

И Георгина не остана покуса. Таа објави стори со цитат од песната „If I Die“ на Ромео Сантос: „Завидливите и љубоморни шират гласини и озборуваат, а идиотите им веруваат“.


Португалската телевизија CM објави дека ако парот се раздели, фудбалерот ќе треба да плати 350 милиони евра, бидејќи таков договор склучиле уште пред да имаат деца.

Наводно, проблемите во врската започнале кога Роналдо дошол во новиот клуб во Саудиска Арабија – Ал Наср. Извор близок до парот рекол дека Георгина деновите ги поминува пазарејќи во луксузни трговски центри.

Поврзани содржини