ЗАВАРЕН БИК, ВИЉУШКА ЗА ЕРЕТИЦИ, СТОЛОТ НА ЈУДА Најсуровите направи за измачување во средниот век
„Столот на Јуда“ се викал уредот кој се користел и во Италија, Германија, Франција. Овој стол имал седиште со многу боцки. Жртвата била врзувана за вратот и со јажињата била колчена на боцките.
Колку и како разните режими во светот ги мачат своите граѓани? Ако денес имаме хибридни диктатури, некогаш во средниот век тортурата била вистински брутална и ѓаволска. Статија на National Geographic ни ги открива најподмолните методи на мачење со кои „еретиците“ биле мачени, а потоа и убивани од Црквата во тоа време.
Најголемите зла во историјата биле направени од „луѓе кои никогаш не одлучиле дали ќе бидат добри или лоши“, сметала позната писателка и теоретичарка Хана Арент. Но, кога Арент ја пишувала својата лична историја на Еврејка која бегала од Хитлер, а го споредуваше со Сталин по својот тоталитарен вкус, веројатно не ни претпоставувала дека уште во средниот век биле правени и тоа како сложени машини и направи за мачење на неистомислениците.
Буквално ги готвеле луѓето во казан
Скоро 400 години во жежок котел полн со вода или со масло биле горени сите кои ќе ѝ се спротивставеле на Инквизицијата меѓу 12 и 16 век. И тоа било јавен настан на плоштадите. На пример, забележано е дека студентот Помпино Алжерио бил готвен на 22 август 1556 година на плоштадот Навона во центарот на Рим, бидејќи тој одбил да ја прифати црковната доктрина.
Подоцна, во 15 век Хенри VIII го легализирал „готвењето на луѓе“ како начин за извршување на смртната казна. Тоа било казна претежно за убијци кои труеле луѓе.
Заварен бик
Можеби една од најпопуларните направи за тортура бил „заварениот бик“. Тоа бил бик од месинг во кој го ставале кутриот човек и потоа го заварувале за да не може да излезе. Под бикот се распалувал голем оган. На затвореникот претходно му бил отсекуван јазикот.
Огнот горел, а „еретикот“ кукал во агонија. Благодарение на систем на цевки внатре во бикот кукањето на „еретикот“ звучело како завивање на животно чиј чад излегува од устата.
Легендата вели дека заварениот бик е измислен од грчкиот Перилус за неговиот владетел, тиранинот Фаларис и му го опишал уредот на следниов начин: „Вресоците ќе ти дојдат низ цевките како најнежното, најпатетично и најмелодично завивање”. Случајно, Перилус стана првата жртва на неговиот пронајдок, бидејќи беше тестиран на него.
„Чисти“ методи без крвопролевање
Овие методи на „готвење на луѓето“ станале популарни во средниот век бидејќи биле „чисти“ – тие не вклучуваат крвопролевање. Но, имало и уште почисти методи. На пример, кршење на прстите на „еретикот“ со завртки за палецот. Луѓето не умирале од тоа, туку доживувале неподнослива болка: нивниот палец бил ставан меѓу метални шипки, а потоа бил притискан одозгора со дрвена летва.
Влечење со коњи
Познатиот средновековен „постамент за тортура“ се базирал на релативно сличен принцип – тортура без крв: тоа е квадратна рамка на која имало ролки на краевите за кои биле врзани јажиња. Жртвата била поставувана на пиедестал, а рацете и нозете ѝ биле врзувани за јажиња. Кога ролните почнувале да вртат, јажето ги влечело екстремитетите на „еретикот“. Некогаш истово се правело и со четири коњи, кои го влечеле телото во четири различни насоки.
Еретичката „виљушка“
Остар метален предмет, како виљушка, бил врзуван со јаже околу вратот на жртвата и бил поставуван така што остриот врв на убодот да е точно на преминот помеѓу вратот и брадата, додека спротивниот раб на убодот да биде во градите. Жртвата можела само да дише плитко или евентуално да каже неколку зборови – ако од неа се очекувале признанија или информации.
Столот на Јуда
Страшен ужас меѓу осудените би предизвикала самата помисла на уредот чија употреба ѝ се припишува на шпанската инквизиција. „Столот на Јуда“ се викал уредот кој се користел и во Италија, Германија, Франција. Овој стол имал седиште со многу боцки. Жртвата била врзувана за вратот и со јажињата била колчена на боцките.
„Iron Maiden“
Еве од каде познатиот бенд „Iron Maiden“ го позајмил своето име. Слично на „Столот на Јуда“, овојпат клинците се наоѓаат во ковчег во кој маченикот не лежи, туку стои исправено. Кога влегува во ковчегот и вратата се затвора зад него, долгите остри шила се тонат во градите, очите и грбот, но тие не влијаат на виталните органи, па жртвата со денови умира во најголемата агонија.
Границите на човечката имагинација, дури и кога станува збор за мачење други – без разлика дали се виновни или невини луѓе – се неразбирливи. По еволуцијата која траеше милиони години, човекот сè уште останува единственото животно што убива и мачи за забава. Дури и денес, малку се променило – во споредба со 14 век, единствената промена е што постои уред што може да репродуцира толку силен звук што ве излудува, како и најлон што може многу верно да симулира задушување.