Затворските власти тврдат дека Камчев е во одлична здравствена состојба

Денеска Камчев бил прегледан на Клиниката за кардиологија.

885

Управата за извршување на санкции, повикувајќи се на извештај на кардиолог, интернист од Клиниката за кардиологија, тврди дека притвореникот Јордан Камчев е во одлична здравствена состојба.

Камчев денеска бил спроведен на преглед на Кардиологија, а потоа бил вратен во затворот во Шутка. Адвокатот на Камчев,Тони Менкиновски, тврди дека неговиот клиент се чува во супстандардни услови, во тесна келија, без пристап до дневна светлина и со ограничени количества на санитарна вода.






Одбраната бара независни институции да извршат увид во затворот и самите да се уверат дека врз Камчев се врши тортура, поради што здравјето му е влошено.

Поврзани содржини